Мерцедес го претстави шампионскиот болид (фото)

Мерцедес петронас го претстави болидот со кој ќе се натпреваруваат светскиот првак Луис Хамилтон и неговиот колега Валтери Ботас во новата сезона 2021.

Шампионатот во Формула 1 почнува точно за 10 дена, со трката за Големата награда на Бахреин, по што тимовите веќе се подготвени да ги запалат моторите.

Новиот болид „W12“ на Мерцедес делува моќно, повторно преовладува црната боја, па наскоро ќе се види како Хамилтон ќе управува со него на најбрзите патеки во мото-спортот.

- Оглас -

Најнови вести