Мерцедес не чекаше многу, го официјализира партнерот на Луис Хамилтон

Формула 1 тимот Мерцедес од наредната сезона ќе има британски возачки тандем откако денеска го официјализираа договорот со Џорџ Расел од Вилијамс. Вчера беше објавено дека Валтери Ботас заминува во Алфа Ромео, а веќе денеска се потврдија најавите дека од 2022 година, Расел ќе му се придружи на Луис Хамилтон во Мерцедес.

„Официјално е, следната година ќе возам за Мерцедес. Ова е посебен ден за мене. Благодарност до Вилијамс, Мерцедес и сите кои ме поддржуваа за да станам тоа што сум денеска. Немаше да успеам без секој еден од вас“, порача 23-годишниот Расел на „Твитер“.

Расел е поранешен првак во Формула 2, а во Формула 1 влезе во 2019 година. Негова замена во Вилијамс се очекува да биде Алекс Албон, кој е резервен пилот во Ред Бул.

- Оглас -

Најнови вести