Месечарските додавања се рутина за Јокиќ (видео)

Денвер со убедливи 124:109 славеше на гостувањето кај Минесота, меч во кој покрај одличниот Мареј, блесна и Никола Јокиќ со трипл-дабл учинок од 19 поени, 12 скока и исто толку асистенции.

Српскиот центар, како и секогаш, беше насекаде на теренот, а еден од повпечатливите моменти од натпреварот, е неговото додавање до Факундо Кампацо и асистенцијата за тројка. Јокиќ буквално беше свртен со грбот и на другата страна од теренот, меѓутоа некако забележа дека Аргентинецот е осамен и испрати топка со очи.

Прегледноста на играта на Јокиќ е нешто посебно.

- Оглас -

Најнови вести