Меси, Агуеро, па Рахим Стерлинг

Рахим Стерлинг, ѕвездата на Манчестер сити, беше меѓу најзабележливите играчи во дербито против актуелниот шампион Ливерпул во кое Граѓаните славеа со убедливи 4-1.

Врз него беше направен фаулот за пенал кој Гундоган не го претвори во погодок во првото полувреме, меѓутоа Стерлинг се запиша во листата стрелци во 76-тата минута и погоди за 3-1.

Тој гол му беше јубилеен, односно 100-ти во кариерата откако Пеп Гвардиола му е менаџер. Пред Стерлинг, само двајца играчи постигнале 100 или повеќе погодоци под палката на каталонскиот стратег.

Тоа се Аргентинците Лионел Меси и Серхио Агуеро. Меси застана 211 гола во периодот кога Гвардиола ја предводеше Барселона, додека Агуеро досега брои 120 погодоци со Гвардиола како негов менаџер.

- Оглас -

Најнови вести