Меси денеска може да го сруши рекордот на Пеле

Барселона вечерва гостува кај Кадис во меч од 12 коло на шпанската Примера дивисион, а дуелот може да стане истриски. Капитенот на Барселона, Лионел Меси е на прагот да го сруши рекордот на легендарниот Пеле, по бројот на погодоци постигнати во еден клуб.

Пеле во дресот на Сантош, во периодот од 1956 до 1974 година постигнал 643 голови, рекорд кој со децении делуваше недостижен за ниту еден фудбалер. Но, со појавувањето на Меси во Барселона и блескавите игри на Аргентинецот во изминативе 15 години, сега тој рекорд на Пеле е пред рушење.

Меси во дресот на Барселона досега има постигнато 641 погодок, што значи дека доколку вечерва во дуелот против Кадис успее да постигне хет-трик, ќе го надмине легендарниот Бразилец.

Кога се работи за вкупниот број на погодоци во кариерата, Пеле е рекордер и во таа категорија со 757 голови, но и тука му се заканува рушење на рекордот, но од Кристијано Роналдо. Роналдо веќе има 750 голови во кариерата, додека Меси засега е застанат на бројката од 712 тресења на противничките мрежи.

 

- Оглас -

Најнови вести