Меси доби уште побогата понуда од Роналдо за да игра во Саудиска Арабија, но одговорот е јасен

На Лионел Меси му истекува договорот со Пари Сен Жермен на крајот од оваа сезона и Аргентинецот може да биде слободен играч. Францускиот првак настојува да му го продолжи договорот, има шпекулации дека ќе се врати во Барселона, а како една од опциите е да игра во Саудиска Арабија или во САД.

Понудата од Ал-Итихад во Саудиска Арабија била вредна 300 милиони евра по сезона, што е поголема од таа што ја потпиша Кристијано Роналдо во Ал-Наср. Додека Меси не го стави потписот на договорот кој ќе ја потврди неговата иднина за следната сезона, шпекулациите ќе бидат отворени, но аргентинските медиуми пишуваат дека Лео воопшто не размислува да се тргне од врвниот фудбал.

Тоа значи дека отпаѓаат опциите Меси да потпише за тим од Саудиска Арабија или од САД. Едноставно, Аргентинецот сака и следната сезона да остане во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести