Меси е „кошмар“ за англиските екипи во ЛШ

Манчестер јунајтед направи сензационален пресврт против Пари Сен Жермен и го елиминираше фаворизираниот француски првак во осминафиналето од Лигата на шампиони. Најтрофејниот англиски клуб сега ќе има уште потешка задача во четвртфиналето, каде за противник ја доби Барселона.

На „Олд Трафорд“ владее оптимизам дека може да се помине и шпанскиот првак, но статистиката вели дека за да го направат тоа ќе мора да направат нешто многу тешко. Да го сопрат Лионел Меси.

Капитенот на Барселона едноставно ужива да игра против англиски екипи во ЛШ. Досега Меси има постигнато дури 22 погодоци против англиски екипи во ЛШ. На ниту една друга „нација“ нема дадено повеќе погодоци. Главен „англиски пациент“ на Лео е Арсенал кој досега примил дури девет гола од Аргентинецот. Потоа следи Манчестер сити со шест примени гола од Меси, па Челзи со три. Манчестер јунајтед има примено два гола од Меси, исто колку што има и Тотенхем.

И покрај оваа статистика, навивачите на Барселона на социјалните мрежи коментираат дека нема ништо невозможно. „Го победивме Јувентус во Торино, го елиминиравме ПСЖ во Париз, сега дајте ни ја Барселона“, се дел од коментарите на оптимистички настроените симпатизери на Манчестер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести