Меси е лош губитник, а заштитен од судиите? Со лакт удри противник, но избегна исклучување (Видео)

Фудбалерите на Севилја ја победија Барселона со 2-0 во првиот полуфинален дуел од Кралскиот куп на Шпанија, а освен убавите голови на Кунде и Ракитиќ, средбата ја одбележа и спорен момент во 63-тата минута, кога Лионел Меси се однесуваше на неспортски начин, но не доби никаква санкција за постапката.

При 1-0 за Севилја, Меси со лакт го удри Жоан Џордан во обид да му ја земе топката, откако овој ја држеше топката во раце по еден фаул над Меси. Џордан падна на земја, а откако бараше од судијата Меси да добие картон, судијата нему му покажа жолт картон, додека Аргентинецот се извлече.

Неодамна Меси неспортски реагираше и во Суперкупот против Атлетик Билбао, но тогаш доби црвен картон, негов прв во сениорската клупска кариера.

- Оглас -

Најнови вести