Меси е на одмор во земја за која сте слушнале само ако гледате СП во атлетика

По разочарувањето на Копа Америка, најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси, на кратко замина во родниот крај, а сега е на вистински одмор на еден убaв карипски остров. Сопругата на Меси, Антонела, се пофали дека таа со Лео и трите сина Тијаго, Матео и Чиро, одмораат на рајски остров.

Станува збор за идиличната мала островска земја Антигва и Барбуда, позната по некои атлетичари, и земја за која пошироката јавност слушнала само од отворањето на Олимписки игри или Светско првенство во атлетика. На истиот остров, Антонела и Лионел беа и на меден месец во 2017 година, после нивната свадба.

После релаксирањето во карипското море, Меси ќе треба да се врати во Европа и со екипата на Барселона да се подготвува за новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести