Меси едвај спаси глава од „нападот“ во Мајами (видео)

Лионел Меси го продолжи одморот во Мајами, Флорида, каде што едвај спаси жива глава откако толпа навивачи „го нападнаа“ во обид да направат фотографија со аргентинската суперѕвезда.

Сите сакаа да направат спомен со Меси, па од сите страни го влечеа и се обидуваа да го пробијат неговото обезбедување.

https://twitter.com/RoyNemer/status/1416075868540133377

Меси пред неколку дена триумфираше на Копа Америка со својата Аргентина за прв национален трофеј во кариерата, а откако ќе заврши со одморот треба да го официјализира продолжувањето на соработката со Барселона, како што се тврди веќе неколку дена.

- Оглас -

Најнови вести