Меси ги претрка Ван Дајк и Роналдо, Аргентинецот е најдобар на светот во изборот на ФИФА

Лионел Меси е најдобар играч на планетата во изборот на ФИФА, а неговиот избор е мало изненадување. Се очекуваше Вирџил ван Дајк, стоперот на Ливерпул, да го добие признанието, но наградата во 2019 година оди за Меси.

 

Со Барселона, Меси стана шампион на Шпанија, како и секоја од последните сезони даде над 50 гола и ги претрка Ван Дајк и Роналдо.

Со оваа награда сега Лео е рекордер со шест статуетки од ФИФА во изборот за најдобар играч на годината, пред Кристијано Роналдо со пет.

Во женска конкуренција, Меган Рапино од САД ја доби наградата за најдобра фудбалерка во 2019 година.

 

- Оглас -

Најнови вести