Меси го делеа милиметри од постигнување гол за памтење, но Мингеза не згреши и намали на 1:2 (Видео)

Барселона намали на 2:1 на гостувањето кај Реал Мадрид откако Оскар Мингеза погоди во 59 минута на стадионот „Алфредо ди Стефано“. Катаонскиот гигант во второто полувреме започна офанзивно, во обида да го стигне заостанувањето од два гола.

Радост за гостите донесе Мигнеза кој одлично реагираше и ја затресе мрежата на Реал Мадрид, за поинтересно второ полувреме. Погодокот на Барселона може да го погледнете ТУКА.

Барселона и пред крајот на првиот дел имаше одлична шанса да погоди, но шутот на Лионел Меси директно од корнер заврши во стативата.

 

- Оглас -

Најнови вести