Меси и на 12 години ги правел истите потези како сега (Видео)

Лионел Меси е единствен фудбалер во историјата со шест Златни топки во своите витрини и тешко дека ќе се случи некој да го надмине. Повеќе од една и пол деценија аргентинскиот виртуоз е на врвот на светскиот фудбал.

Уште како дете било јасно дека Меси ќе биде посебен. Кога имал 12 години, бил член на тимот на Њуелс олд бојс, а една снимка од фудбалски детски меч покажува дека Лионел уште тогаш ги имал истите способности како сега. Со голема леснотија ги поминува противниците.

Снимката која е стара 20-тина години е од меч на кој тимот на Меси победил со 3:2.

- Оглас -

Најнови вести