Меси и погоди и утна пенал, тешки три бода за Барса

Барселона за првпат по 27 јануари доби натпревар од шпанската лига, откако на свој терен го совлада Валјадолид со минимални 1-0. Стрелец на голот беше Лионел Меси од пенал во 43 минута, а Меси во 85 минута доби шанса да шутне изведе еден удар од белата точка, но беше прочитан од голманот Масип кој му го одбрани шутот. Меси во дресот на Барса има шутнато 89 пенали, од кои утна 21, што е 23 проценти.

Меси 11 сезони по ред дава 30 или повеќе голови во сите натпреварувања. Во Ла Лига сезонава на 22 гола на 22 настапи.

Барса има седум бода предност пред Атлетико, а Реал Мадрид утре може да се доближи на минус шест во однос на лидерот. Валјадолид е најнеефикасна екипа во лигата со само 19 постигнати гола што во просек е помалку од еден по меч.

Жерард Пике стана третиот дефанзивец во историјата на Барселона кој одиграл 300 меча во дресот на гигантот од Каталонија. Повеќе од него имаат само Пујол и Мигели.

Луис Суарес го одигра својот 700-ти меч во професионалната кариера (тука се сметаат и мечевите за Уругвај).

- Оглас -

Најнови вести