Меси и Рамос ќе играат во ист клуб следната сезона?

Манчестер сити и ПСЖ внимателно ја следат ситуацијата околу ѕвездите Лионел Меси и Серхио Рамос кои би можеле да ги добијат без да платат отштета. Договорите на Меси со Барселона и на Рамос со Реал Мадрид истекуваат на 30 јуни.

Рамос е во преговори со Реал за продолжување на соработката, но работата е заглавена. Рамос бара поголема плата и договор на две години, а Кралскиот клуб му нуди едногодишен договор со сегашната плата или двегодишен, но со помала плата од актуелната. Затоа се шират шпекулации дека Рамос налето можеби и ќе си замине.

Пеп Гвардиола смета дека на Манчестер сити во одбраната му треба играч како Рамос. Освен за Рамос, граѓаните се заинтересирани и за Меси и ќе тргнат по него ако претходно тој не потпише со Барса или не се договори со некој друг клуб како ПСЖ или Интер. Меси ги чека изборите за прв човек на Барса на 24-ти јануари и потоа ќе решава за својата иднина. И ПСЖ се спомнува како клуб кој би направил „дрим-тим“ во кој би биле вклучени искусните Меси и Рамос.

Во моментов ниту Меси со Барса, ниту Рамос со Реал не се блиску до договор, а бидејќи тие би си заминале како слободни, нивниот евентуално нов клуб не треба да се грижи околу финансискиот ферплеј.

- Оглас -

Најнови вести