Меси и Роналдо доминираа 10 години, но ги нема меѓу најдобрите во една од најважните статистики

Димитри Паје е играчот кој во изминативе 10 години успеа да создаде најмногу шанси за гол на своите соиграчи во Топ 5 лигите во Европа. Ова го потврди „Опта“, која се занимава со статистичките податоци за најсилните првенства во Европа.

Во изминативе 10 години Паје смени дури четири тима. Во 2011 година го носеше дресот на Сент Етјен, а потоа направи трансфер во Лил, каде што остана две години. Потоа две сезони помина во Олимпик Марсеј, па во 2015 година направи трансфер во Вест хем. Од 2017 година повторно се врати во Марсеј, каде што и сега игра. За овој период, францускиот репрезентативец успеа да создаде 974 шанси за погодок и е далеку на првото место пред Месут Озил со 916 создадени шанси и Еден Азар со 830 креирани шанси за погодок.

Интересно е што Лионел Меси е дури на петтото место на оваа листа со 789 создадени шанси, додека Кристијано Роналдо воопшто го нема во Топ 10 играчите кои креирале можности за погодок.

- Оглас -

Најнови вести