Меси и Суарес блескаа во триумфот на Интер Мајами

Тимот на Интер Мајами се врати на победничките патеки со убедлива победа над Њујорк ред булс во натпревар од МЛС лигата. Екипата на Дејвид Бекам славеше со 4-1, а повторно во центарот на вниманието беа Лионел Меси и Луис Суарес.

Двете големи ѕвезди на Интер Мајами постигнаа по еден гол за конечната победа.

Интер ги загуби последните три натпревари, вклучително и двапати од Ванкувер во Купот на шампионите на КОНКАКАФ.

Лионел Меси се запиша во листата на стрелците за првпат по серија од четири натпревари без постигнат гол. Покрај Суарес и Меси, голови постигнаа и Фафа Пико и Марсело Вајганд. За гостите почесниот гол го постигна Ерик-Максим Чупо Мотинг.

Интер Мајами сега има 21 бод и се наоѓа на четвртото место на табелата во Источната конференција.

- Оглас -

Најнови вести