Меси игра очајно, но Бразилците најмногу се плашат од него

Бразил против Аргентина, како финале пред финале на Копа Америка. Дуелот меѓу двете најславни репрезентации во Јужна Америка се игра во 2:30 часот по полноќ и треба да го даде првиот учесник во финалето на јужноамериканското првенство.

Бразилците ќе го имаат домашниот терен во Бело Хоризонте, но се очекува да има и пет илјади фанови на Аргентина, па затоа и безбедноста е подигната на највисоко ниво. Кариоките целиот турнир го играат без првата ѕвезда Нејмар, кој се повреди на подготовките. За разлика од Кариоките, Аргентина е предводена од Лионел Меси. Иако Меси игра под своето ниво, селекторот на Бразил знае од каде доаѓа најголемата опасност.

„Не треба да зборуваме за Аргентина како поединци. Тие се изразито тимска екипа. Колективот ги прави индивидуалците уште посилни. Меси не може да биде сопрен, може само малку да го успориме, но никако не може да ги неутрализираме неговите акции“, вели бразилскиот селектор Тите.

Додека Тите прави тактики како да го успори Меси, Аргентинецот е самокритичен дека игра слабо.

„Точно е дека ова не е моето најдобро учество на Копа Америка. Не е онака како што очекував. Сепак, најважно е да победуваме и да одиме понатаму“, рече Меси.

Бразил и Аргентина досега имаат одиграно 105 мечеви, а Кариоките се подобри со 41 победа, додека Гаучосите се радувале 38 пати. На 26 средби немало победик. Гол разликата е 163:160 во корист на Бразил.

 

- Оглас -

Најнови вести