Меси ја брка својата 30-та „жртва“ во Лигата на шампионите

Лионел Меси вечерва ја стартува својата 15-та сезона во Лигата на шампионите. Во досегашните 125 одиграни средби, Аргентинецот има постигнато точно 100 голови. Барселона денеска на својот „Камп ноу“ го пречекува холандскиот ПСВ Ајндховен, а Меси ќе има посебен мотив да даде гол.

ПСВ е клуб против кој досега Меси нема дадено гол. Токму затоа Лео ќе се обиде во својата листа на клубови против кои се радувал на погодоци да го вметне и холандскиот противник. Досега Меси има погодувано против 29 различни клубови и е на третото место на оваа листа на ЛШ.

Доколку успее да ја затресе мрежата на ПСЖ, капитенот на Барселона ќе биде третиот играч во „клубот 30“. Голови на најмногу различни клубови има дадено легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко. Тој е рекордер со голови постигнати против 33 различни клубови. Веднаш зад Раул е Кристијано Роналдо. Португалецот, кој изминативе девет сезони ги помина во Реал, се има радувано против 32 различни клубови.

Арсенал е „омилениот“ клуб на Меси. На „топчиите“ тој им има дадено девет погодоци. Најмногу гола на еден меч Аргентинецот даде против Баер Леверкузен, кога пет пати ја тресеше мрежата на германскиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести