Меси ја откри „тајната“ при шутнатиот пенал против Ливаковиќ

Лионел Меси заедно со Килијан Мбапе се на делба на првото место на листата најдобри стрелци на Мундијалот во Катар. Двајцата постигнаа по пет гола, а Меси три погодоци постигна од пенал. Капитенот на Аргентина последниот гол од пенал го постигна во полуфиналето против Хрватска, кога Доминик Ливаковиќ не успеа да го сопре ударот на Меси.

Пред овој пенал на Меси, Ливаковиќ имаше дури пет одбранети пенали од седум удари. Во дуелот против Јапонија ги одбрани трите удари од белата точка во „пенал-рулетот“, а потоа и во драмата против Бразил прими само два гола од четири удари. Токму затоа притисокот врз Меси да погоди беше голем, а Аргентинецот откри дека направил добра анализа за начинот на којшто брани хрватскиот голман.

„Заедно со нашите голмани Мартинез и Рули детално ја проучивме техниката на тоа како брани голманот на Хрватска, посебно при изведувањето на пеналите. Веднаш сфативме дека тој чека до пред самиот шут. Едноставно, го следи изведувачот на пеналот и по движењето на телото оценува на која страна ќе биде упатена топката. Токму затоа сфатив дека не треба да чекам многу, туку што е можно побрзо да шутнам. Сите оние кои против Ливаковиќ чекаат, тешко дека ќе дадат гол. Затоа решив веднаш да шутирам и успеав да постигнам гол“, рече Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести