Пари Сен Жермен беше непријатно изненаден на гостувањето кај Рен и загуби со 1:0 во меч од 19 коло во француското првенство. Светците немаа пораз во првите 16 кола, а во последните три меча, втор пат губат. На 1 јануари ПСЖ загуби од Ленс, а сега падна и кај Рен, па остана на 47 бодови, само три повеќе од Ленс.
Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе играа за ПСЖ, но и овие супер ѕвезди не беа доволни да ја скршат одбраната на домаќините. Амари Траоре во 65 минута даде гол за Рен и голема радост на домаќините. Токму тој погодок на крајот се покажа како клучен за победа на Рен.
GOOOOOOOOOOOL DO RENNES!
⏰ 65'/2T
⚽ TraoréRennes 1×0 PSGpic.twitter.com/DGxINwTaZv
— VAR Tático (@vartatico) January 15, 2023