Меси нема да игра ни викендов, го чуваат за супердуелот со Манчестер сити

Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, најверојатно ќе го пропушти и вториот дуел по ред за својот тим и нема да биде на располагање за пресметката со Монпелје што се игра утре. Меси има проблем со коленото и ќе биде поштеден.

Аргентинецот уште не тренира со Светците, а повредата ја здоби кога доби удар во мечот со Лион. Не играше во средата против Мец, но во ПСЖ очекуваат тој да почне да тренира викендов и да биде подготвен за настап на средбата со Манчестер сити од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести