Меси нема милост кон никого: Гвардиол се вртеше во круг и не знаеше што го снајде (Видео)

Лионел Меси со гол и асистенција беше вистински лидер на Аргентина во полуфиналето против Хрватска, кое Гаучосите го добија со 3:0. Меси погоди од пенал за 1:0, а потоа во второто полувреме имаше продор од 50-тина метри, па потоа му асистираше на Алварес за 3:0.

При постигнување на третиот гол, Меси прими топка покрај аут-линијата на средината од игралиштето, а до него беше Јошко Гвардиол. Дефанзивецот, кој според многумина одигра перфектен Мундијал, овојпат ја почувствува мајсторијата што ја поседува Меси. Капитенот на Аргентина со топка истрча 50-тина метри, Гвардиол се обиде да го следи, но на крајот хрватскиот дефанзивец дури и не знаеше на која страна да тргне за да го блокира противникот. На крајот Меси асистираше и Аргентина даде гол.

- Оглас -

Најнови вести