Меси немаше милост кон некогашниот соиграч, Санчес падна на грб (Видео)

Аргентина не ја оправда улогата на фаворит и на свој терен одигра само 1:1 против Чиле, во меч од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар следната година. Лионел Меси погоди од пенал за водство на Гаучисите, но пред крајот на првото полувреме, гостите израмнија благодарение на погодокот на Алексис Санчес.

Токму стрелците на головите на двете селекции, кои три сезони беа и соиграчи во дресот на Барселона, имаа интересен дуел на средината на теренот. Топката беше во Меси, а Санчес се обиде од зад грб итро да му ја одземе. Сепак, наместо да ја освои топката, Санчес падна на грб по потегот на Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести