Меси од повредата се рехабилитира во кујна

Повредата на мускул на ногата го оддалечи Лионел Меси од фудбалскиот терен, а тој периодот на рехабилитација го користи за правење скара во кујната. Меси последен се приклучи, и веднаш се повреди, летово си зеде подолг одмор, па сега неговиот настап на стартот на Ла Лига против Атлетик Билбао следниот викенд е неизвесен.

Барселона го порази Наполи со 4-0 во контролен меч, погодоците беа дело на Суарес, Гризман и Дембеле, но секако кога Меси ќе се врати на терен, се знае кој ќе биде газда и од кого ќе се очекуваат најмногу голови.

- Оглас -

Најнови вести