Меси одамна не дава голови во четвртфинале на ЛШ (Видео)

Манчестер јунајтед утревечер ќе се обиде второ коло по ред во Лигата на шампионите да приреди изненадување и на гостински терен да елиминира силен и скап тим од кој претходно загубил дома, а надежите им се од историска причина.

Освен тоа што за Оле Гунар Солскјер „Камп ноу“ е среќен стадион на кој пред 20 години придонесе за чудо во финалето против Баерн, во Јунајтед веруваат дека Лионел Меси нема да им даде гол (на „Олд Трафорд“ имаше само еден шут кон голот) бидејќи во последните години не знае за погодок во четвртфиналната фаза.

Верувале или не, фудбалерот за кој многумина мислат дека е најдобар на светот, последниот гол во четвртфинале го има постигнато во Париз, на втори април 2013 година, кога на пример, Жозе Мурињо уште беше тренер на Реал, а Кристијано Роналдо имаше само една Златна топка за играч на годината.

Од 2008 до 2013, Меси даде 10 гола во оваа фаза. Најмногу блесна во 2010, кога на „Камп ноу“ на Арсенал му даде четири гола.

Во претходните три сезони, Барса редовно испаѓаше во четвртфинале, а Меси не даваше голови. И уште две сезони пред тоа Лео немаше затресено мрежа. Од овие пет сезони без гол на Меси, Барса четирипати испадна во четвртфиналето.

Ова е последниот гол на Меси во четвртфинале:

- Оглас -

Најнови вести