Меси потпиша за Њуелс олд бојс и ќе ја носи „десетката“ (ВИДЕО)

Екипата на Њуелс олд бојс го претстави новото засилување, Хоакин Меси, којшто ќе ја задолжи десетката на овој тим.

Младиот 19-годишен Аргентинец не е во никаква роднинска врска со Лео Меси, а ќе има голема задача пред себе да ги исполни очекувњата од него бидејќи овој број го носеа Лео Меси и Диего Армандо Марадона.

„Веднаш штом дојдов во клубот, сите ме прашаа дали сум роднина на Лионел Меси. Но, тоа е чиста коинциденција бидејќи во мојот град има три фамилии коишто се презиваат Меси, па и јас сум дел од едната“, изјави Хоакин.

Во оваа сезона младиот фудбалер ќе настапува за тимот до 20 години којшто се натпреварува во младинската аргентинска лига и Копа Либертадорес.

- Оглас -

Најнови вести