Меси се чудеше кога беше повлечен од игра, ПСЖ остана на 100 проценти (Видео)

Пари Сен Жермен ја извојува и петтата победа во петтиот меч сезонава во француската лига, добиено е дербито против Лион со 2-1, но средбата мина во знакот на неславното деби на Лионел Меси на стадионот во Париз. Меси првпат заигра како домашен играч во Париз и немаше придонес, освен една пречка.

Во 76-тата минута, при 1-1, беше заменет со Ашраф Хакими и Меси имаше зачуден израз на лицето, а бараше и објаснување од тренерот Маурисио Покетино. Меси не е навикнат да излегува од игра и не го прифати најдобро седнувањето на клупа.

Мауро Икарди го даде победничкиот гол за ПСЖ во 93-тата минута.

https://twitter.com/i/status/1439691194724925442

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести