Меси со бравура во негов стил ја потопи Боливија (видео)

Аргентина славеше со убедливи 4-1 над Боливија во последното коло од групите на Копа Америка за потврдување на првото место во групата А. Гаучосите предводени од Лионел Меси и неговите два погодоци стигнаа да освојат 10 од максимални 12 бода и во добро расположение ќе го дочекаат четвртфиналниот дуел против Еквадор.

Патот кон победата го отвори Папу Гомес во шестата минута, па следуваше шоуто на Меси, кој прво погоди пенал во 33-тата минута, а за помалку од 10 минути ја изведе претпознатливата мајсторија и го лобуваше противничкиот голман од околу 18 метри.

Саведра го постигна почесниот гол за Боливија, пред Лаутаро да ги постави конечните 4-1 по 65 минути игра. Во втората средба ноќеска, Уругвај славеше минимално против Парагвај со голот на Единсон Кавани и закажа четвртфинале против Колумбија.

Парови во четвртфиналето на Копа Америка:

Перу – Парагвај (2 јуни)

Бразил – Чиле (3 јуни)

Аргентина – Еквадор (4 јуни)

Уругвај – Колумбија (4јуни)

- Оглас -

Најнови вести