Меси со голот против Ференцварош постави нови рекорди во ЛШ

Лионел Меси од пенал погоди за водство на Барселона против Ференцварош, а до крајот на првиот дел каталонскиот гигант стигна до 2:0 благодарение на погодокот на Ансу Фати. Голот на Меси беше доволен за Аргентинецот да постави нови рекорди кога се работи за Лигата на шампионите.

Унгарскиот првак е 36-ти клуб против кого Меси постигнал гол во Лигата на шампионите. Ниту еден друг играч во историјата на елитното натпреварување на УЕФА нема дадено погодоци на толку различни клубови.

Освен овој рекорд, Меси успеа 16 сезони по ред да се запишува во листата на стрелците во ЛШ. Досега само легендарниот Рајан Гигс имаше постигнато барем еден гол во 16 сезони од ЛШ. Уште во првиот меч од новата сезона, Меси покажа дека е подготвен да руши уште многу рекорди.

- Оглас -

Најнови вести