Меси со свој став околу ситуацијата со корона-вирусот

Пандемијата со корона-вирусот го натера светот да земе принуден тримесечен „одмор“, додека медицинските лица ширум планетата водеа битка да ги спасат животите на луѓето. Покрај тоа што пандемијата силно удри по светската економија, се смени нормалниот живот, односно секојдневното функционирање на секоја индивидуа, а секако најголема штета се загубените човечки животи.

Фудбалот и општо спортот исто така претрпе големи последици. Првенствата се прекинуваа, некои дури и се откажаа од натпреварување, додека пак има и такви кои напорно работеа да најдат решение да продолжат со сезоната додека трае целиос хаос, како Бундеслигата. Следејќи го примерот на Германците, во Англија, Италија и Шпанија по сличен принцип се насочени кон продолжување на сезоната.

Ла Лига ќе се врати на 11 јуни, тоа веќе го најави првиот човек на лигата Хавиер Тебас, што значи дека шампионската битка меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе го дочека крајот на зелениот тепих. Капитенот на Каталонците Лионел Меси, за шпанскиот медиум „Ел Паис“ го искажа своето мислење околу ситуацијата со корона-вирусот.

„По сè што се случи, меѓу луѓето владее сомнеж дека работите ќе се вратат во нормала. Ситуацијата нè изненади сите и не фати неподготвени и голем дел од луѓето поминаа и уште го минуваат кризниот период. Најтешко нешто со кое мора да се соочат е губењето на блиските и саканите, оние кои немаа сили да ја преживеат болеста. Нема полошо од тоа да останеш без човекот што го сакаш, тоа ги доведе луѓето да им се создаде огромна фрустрација и да се чувствуваат дека животот не е фер. По сè што се случи, не само фудбалот, туку животот општо нема да биде ист како некогаш“, изјави Меси.

- Оглас -

Најнови вести