Меси влезе, Барселона се разигра и победи (Видео)

Лионел Меси е незаменлива алка во машинеријата на Барселона, која вечерва не функционираше најдобро без него. До влегувањето на Аргентинецот во игра, во 64-тата минута, Леганес беше тврд орев за фаворитот. Гостите имаа позитивен резултат 1-1 на „Камп ноу“, но Меси направи разлика и донесе нова победа за лидерот во Ла Лига.

Најпрво, во 71-вата минута упати извонреден удар, Куелјар одбрани, а Луис Суарес постигна контроверзен гол. При ударот со нога, го закачи и гостинскиот голман, но голот беше признат, а отпорот на Леганес скршен. Сите дилеми ги симна Меси со 401-виот гол за Барса, а погоди во 92-рата минута за победа од 3-1.

https://www.youtube.com/watch?v=9XsU_z2FLUU

Барселона со 46 бода е на првото место во Шпанија и ја задржа предноста од пет бодови пред Атлетико Мадрид и 10 пред Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести