Месут Озил објави крај на кариерата!

Германскиот фудбалер Месут Озил преку социјалните мрежи се обрати до своите фанови и објави дека ја завршува играчката кариера.

„Имав привилегија 17 години да бидам професионален фудбалер и бескрајно сум благодарен за шансата. Во последните недели и месеци имав повреди и јасно стана дека е време да ја напуштам големата фудбалска сцена“, напиша Озил, кој играше за Шалке 04, Вердер, Реал Мадрид, Арсенал, Фенербахе и Башакшехир, а сега ќе им се посвети на сопругата Амине и двете ќерки.

Озил во 2014 година со Германија стана светски првак, а најубавиот гол го даде во финишот на кариерата против Лудогорец во Софија.

- Оглас -

Најнови вести