Месут Озил влегува во политиката! (Фото)

Изненадувачка информација пристигнува од Турција. Според информациите на агенцијата „Хабер7“, Месут Озил ќе се најде на листата на кандидати за парламентарните избори во Турција кои ќе се одржат на 14 мај. Фудбалерот кој неодамна ја заврши играчката кариера, очигледно сега започнува нова, и тоа политичка кариера.

Месут Озил е дел од листата на кандидати на владејачката партија во Турција, АКП, предводена од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Пријателството помеѓу нив не е непознато во јавноста бидејќи токму Ердоган му беше кум на свадбата на Озил.

Кандидатурата неодамна беше објавена и од страна на самиот Ердоган, но без да го спомене името на Месут Озил. Тој тогаш најави: „На листата за кандидати ќе има многу изненадувања, меѓу кои и едно од светот на спортот.“

- Оглас -

Најнови вести