Месут Озил во Фенербахче ќе носи дрес со бројот 67

Месут Озил денеска потпиша три и пол годишен договор со Фенербахче, а во новата клупска средина, Германецот со турско потекло ќе носи дрес со необичниот број 67.

Озил го сака бројот 10, тој десетката ја носеше и во неговиот претходен клуб Арсенал, како и во Реал Мадрид. Носел и 17-ка како младински репрезентативец на Германија, број 11 во Вердер и во Арсенал пред Џек Вилшир да му ја отстапи десетката, Озил носеше и број 8 кога играше за сениорската селекција, а кога дојде во Реал, прв број му беше 23.

Овојпат ја одбра 67-ката, иако во Фенербахче слободни беа и броеви како 19, 21, 22, 23, 24, 25, 28.

Зошто баш 67? Овој број е поштенскиот код за Зонгудалк, градот во Турција од кој е неговото потекло. Озил во Фенер само до крајот на сезонава ќе има број 67 на грбот, од следната сезона ќе ја носи неговата омилена десетка.

- Оглас -

Најнови вести