Металург без муниција против Бешикташ (22:30)

Бешикташ беше пресилен за Металург и победи убедливо на гостувањето во Скопје со 30:22, во меч од второто коло во Лигата на шампионите.

Подмладениот состав на Металург имаше сила за само едно полувреме, првото кое заврши со минимална негатива од 13:14.

Во продолжението Ласица и Озбахар доминираа, беа нерешлива енигма за одбраната на домаќините, па Бешикташ ја забележа првата победа во ЛШ.

Металург има два порази во низа и двата со по 8 голови разлика, што го става во редот на аутсајдерите во Ц групата.

Даниловски со пет голови беше најефикасен кај домашниот состав. Во следното коло на 30. септември металурзите повторно ќе бидат домаќини, против Татран Прешов.

- Оглас -

Најнови вести