Металург е прв клуб во ЛШ со претседателка

Зорица Молкоска Блажевска е нова претседателка на ракометниот клуб Металург. Таа денеска седна на претседателската фотелја во клубот од скопска Автокоманда, наследувајќи го Зоран Цветановски. Досега Блажевска работеше како генерален секретар на клубот.

Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и медиумите беа доволна препорака за изборот на Блажевска на оваа функција.

Од клубот се пофалија дека испишале нова страница во ракометната историја бидејќи се први меѓу клубовите од Лигата на шампионите и СЕХА-лигата кои имаат претседател од понежниот пол.

Засега Зорица ќе биде в.д. претседател, а официјалното назначување ќе се случи на следното Собрание на РК Металург. Досегашниот претседател Цветановски останува во бордот на клубот.

- Оглас -

Најнови вести