Металург со многу мака го победи Бутел

Металург го победи Бутел со 24:23 во меч од домашната лига, но се намачи за да стигне до бодовите. Финишот беше екстра возбудлив, гостите имаа шанса и да израмнат, но не успеаја да упатат удар во последниот напад.

Металург почна многу лошо, па Бутел во првото полувреме набрзина направи разлика од 6 голови. Сепак, фаворитот брзо се врати во игра и израмни на 13:13, резултат што беше актуелен по првото полувреме.

Во продолжението домаќините поведоа со разлика од три гола, но и стравуваа за победата до самиот крај. Шпенде постигна 6 гола за Металург, додека Маџовски петпати беше прецизен.

Кај Бутел и на мечот најефикасен беше Младеновски со 7 погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести