Meтла во најава: Бостон стигна до 3-0 против Каролина

Бостон бруинс има убедливи 3-0 во серијата против Каролина хурикејнс во конференциското финале на Истокот по триумфот од 2-1 остварен ноќеска. Бруинс немаа проблем што играа далеку од своите навивачи, па по третата победа се наоѓаат на прагот да се пласираат во големото финале и за првпат по сезоната 2012/13 да се борат за Стенли купот, откако во таа сезона загубија од Чикаго блекхокс.

Една третина беше потребна да се реши средбата, сите три погодоци се реализираа во вториот период. Бостон поведе со 2-0 преку Вагнер и Маршанд, а де Хан во 14-тата минута намали на 2-1, но домаќинот немаше сили да израмни и да остане непоразен пред своите навивачи.

Во ноќта меѓу четврток и петок закажана е четвртата пресметка меѓу овие две екипи, а со евентуален триумф на Бостон, Каролина со „метла“ елиминација ќе ги заврши разигрувањата.

- Оглас -

Најнови вести