Мхитарјан ја нацрта мапата на Ерменија и направи меѓународен скандал (Фото)

Фудбалерот на Интер, Хенрих Мхитарјан, предизвика скандал во емисија на јутјуб-каналот на Интер откако нацрта мапа на својата држава Ерменија, па сега му се заканува казна.

Проблемот е во тоа што популарниот Мики во цртежот на Ерменија ѝ ја додаде и областа Нагорно-Карабах, која официјално му припаѓа на Азербејџан и за таа територија во која живеат големо мнозинство Ерменци, а е дел од Азербејџан се водат и војни.

Мхитарјан имаше задача фановите да ги запознае подобро со својата земја, па побараа од него и да ја нацрта мапата на Ерменија. Тој ја нацрта „голема Ерменија“, па реагираа од Фудбалската федерација на Азербејџан и се жалеа кај УЕФА и Италијанската федерација.

Во 2019 година, кога беше член на Арсенал, Мхитарјан не можеше да игра во финалето на Лигата на Европа затоа што средбата се играше во Баку, главниот град на Азербејџан.

- Оглас -

Најнови вести