Ми пријде и ми кажа дека мора да постигне гол на столетието…

Нема сомнежи дека головите на Диего Марадона против Англија на Мундијалот во 1986 година ќе останат врежани во фудбалската историја. Судијата од тој меч, Паоло Касарин, раскажа интересна анегдота во врска со „Божјата рака“ на Диего, но и слаломот по кој го зачуди целиот свет со својата магија.

Касарин откри дека Марадона му пришол по натпреварот да му каже дека морал да даде гол на столетието.

„Кога Марадона го постигна чудесниот гол дриблајќи неколку англиски фудбалери, ми пријде и ми рече: „Морав да реализирам на таков начин бидејќи првиот не беше регуларен“. Е, тоа е вистинскиот Диего“, изјави Касарин за „Скај спортс“.

Аргентинскиот Бог на фудбалот беше погребан вчера, во родниот Буенос Аирес, на 60-годишна возраст.

 

 

- Оглас -

Најнови вести