Михаилидис постигна светски гол, само ја утна страната (Видео)

Јоханис Михаилидис си постигна ефектен автогол, еден од најубавите годинава, а неговиот кикс во 73-тата минута му пресуди на ПАОК на патот кон посакуваното место во Лигата на шампионите.

Левиот бек на грчкиот тим се обиде да ја зафати топката зад себе, но наместо да ја избие, ја смести во мрежата на својот голман Живковиќ.

Со тој гол Краснодар поведе во Солун со 1:0 и имаше голема предност од 3:1 во вкупен резултат, по победата на домашен терен од 2:1.

Русите славеа и на легендарната „Тумба“ со ист резултат и со вкупни 4:2 си обезбедија место во Лигата на шампионите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести