Михајловиќ до Гасперини: Кој к*р им зборуваш на моите, оди д*пи некој друг (Видео)

Аталанта ја победи Болоња минимално со 1:0, а во недостаток на многу возбудувања на теренот, најинтересната ситуација се случи на клупата за резерви на двата тима. По еден остар старт над играчот на Болоња, Олсен, тренерот на гостите Синиша Михајловиќ се налути и започна жестока расправија со колегата од спротивната страна Џанпјеро Гасперини.

Бидејќи нема гледачи на трибините и е тивко, многу добро можеше да се слушне целата расправија на двата тренери. „Што к*р им зборуваш на моите? Зборувај им на твоите… Оди д*пи некој друг…“, беа само дел од пцовките кои Михајловиќ ги упати кон Гасперини.

Тренерот на Аталанта беше незадоволен од судиските одлуки и приговараше, поради што доби два жолти картони и на крајот беше исфрлен од клупата. И покрај многуте пцовки, Михајловиќ помина без опомена од судијата.

 

- Оглас -

Најнови вести