Михајловиќ ги запали навивачите: Јуве е директен конкурент на Болоња

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, го „пецна“ Јувентус пред утрешниот дуел на „Ренато Дал Ара“, каде болоњезите ја пречекуваат Старата дама. Јуве е седми на табелата во Серија А со четири бода повеќе од Болоња која е десетта.

„Јуве е наш директен конкурент. Треба на терен да излеземе со мисла дека ако не дадеме 100 проценти, нема да победиме“ – изјави Србинот, и ова сигурно нема да им се допадне на фановите на Бјанконерите од Торино.

Потоа Михајловиќ додаде дека Јуве си е Јуве, тоа е клуб кој одлично го менаџира тимот, и дека се надева оти нема да имаат добар ден.

- Оглас -

Најнови вести