Михајловиќ: Оригиналниот трофеј од ЛШ го искршивме целосно, а Панчев со него одеше на свадбa во Македонија (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев беа соиграчи во легендарниот тим на Црвена Звезда кој успеа да го освои тогашниот Куп на европските шампиони во 1991 година.

Во добро познатото финале кое се одигра во Бари, српскиот тим славеше на пенали против Олимпик Марсеј, откако токму Панчев го реализираше последниот удар од белата точка.

Михајловиќ кој е сега веќе тренер на Болоња, открива интересни детали од моментите по финишот на средбата со Марсеј.

Од кога пристигнавме дома, пехарот шеташе низ сите поранешни републики на Југославија. Едноставно немаше каде не помина, затоа и за брзо време беше искршен. Додека беше трофејот здрав, Дарко Панчев го носеше на свадба во Македонија, а Драгиша Биниќ го вадеше од кола и без проблем му го даваше. Затоа, сега тој трофеј што е на ‘Маракана’ е реплика, бидејќи од оригиналот останаа само парчиња“ се присетува некогашниот играч од средината на теренот.

- Оглас -

Најнови вести