Состојбата на Синиша Михајловиќ е многу подобра во личната животна битка со тешката болест, со леукемијата, а неговиот храбар однос во текот на целиот процес на рехабилитација ги охрабрува луѓето со слични проблеми.
„И понатаму се борам. Загубив дури 13 килограми, морам да користам 19 таблети на ден, но не се откажувам. Ги молам сите што бијат тепка битка со леукемијата да не се откажуваат. Не е срамота да бидете исплашени, да плачете и да бидете загрижени, но не се откажувајте. Сега се радувам и на обични нешта, на воздухот што го дишам. Животот е највредното нешто и продолжете да се борите за него“, емотивно говори тренерот на Болоња.
Изрази и голема благодарност до сите што го поддржуваат во најтешкиот период на животот, а исткана дека и некои непријателства се заборавени.
„Пред да дознаам дека имам леукемија ги делев луѓето на добри и лоши. Некои ме сакаа и ги сакав, некои не. Но, сите беа тука да ми помогнат да изразат поддршка. Со Роберто Манчини не говорев четири години, а тој ме повика и постапи човечки. Многу бев среќен, му благодарам и нему и на сите што беа со мене во тешки моменти“, додаде Михајловиќ.