Михајловски: Вардар во новата сезона ќе биде 40 отсто посилен

Михајло Михајловски од пред неколку месеци повторно се врати на претседателското место во Вардар првземајќи го раководењето на некогашниот двократен европски првак од претходниот газда Сергеј Самсоненко. Михајловски направи осврт на сезоната која веќе е зад нас и ги најави целите за следниот период.

„Господинот Сергеј Самсоненко направи фантастични, дури и невозможни резултати со клубот на меѓународна сцена. Тој мораше, сакаше да си замине, па доколку јас не се нафатев клубот, ќе згаснеше. Постигнавме договор да го преземам клубот. По доаѓањето во клубот, поставивме четири цели. Да стигнеме во осумте најдобри во Лигата на шампионите, да бидеме дел од фајнлфор турнирот во СЕХА-лигата, како и тоа да ги освоиме титулите во првенството и Купот на Македонија. Остваривме две цели и тоа е добро. Вардар во првенството покажа дека е за класа подобар од Еурофарм Пелистер, а од останатите клубови и неколку класи подобар, без да потценам некого. Амбициите за Европа остануваат исти, а тоа е пласман во топ 8 во Европа, како и место во финалето на СЕХА-лигата. Според играчкиот кадар што го имаме, очекувам да бидеме 30 отсто посилни, а со доаѓањето на тренерот Вујовиќ, верувам дека ќе бидеме за 40 отсто посилни од оваа сезона“, вели Михајловски.

- Оглас -

Најнови вести