Мик Шумахер викендов ќе дебитира во Формула 1?

Германскиот тркач Мик Шумахер би можело задутре да се појави во болид од Формула 1 на слободните тренинзи на патеката „Муџело“, каде што за првпат ќе се вози трка за Големата награда на Тосканија. Муџело е патека која е домашен терен на Ферари, но младиот Шумахер, кој е син на легендата на Ферари и Ф1, Михаел Шумахер, не би го возел црвениот болид.

Според објавата на телевизијата РТЛ, 21-годишниот Мик ќе вози во болид на Алфа Ромео или Хаас, тимови кои користат мотори на Ферари. Мик Шумахер е пилот од младинската академија на Ферари и втора година по ред се натпреварува во Формула 2 шампионатот за тимот Прима. Тој изминатиот викенд победи на „Монца“ во Формула 2, по спектакуларниот старт, кога од седмо место на стартот, до првата кривина се искачи на второ место.

Сепак, по оваа информација, на еден друг медиум излезе информација дека не е точно дека Мик ќе се трка во Формула 1, туку е фокусиран на борбата за титулата во Формула 2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести