Микел Мерино и официјално е нов играч на Арсенал

На тренерот на Арсенал, Микел Артета, му се исполни желбата во својот тим да го има имењакот Микел Мерино, 28-годишниот играч од средниот ред.

Шпанскиот репрезентативец доаѓа од Реал Сосиедад и тоа за сума од 31,6 милиони фунти. Со Топчиите потпиша четиригодишен договор со опција за уште една. Во Арсенал, тој ќе го носи дресот со бројот 23 на грбот.

Мерино беше дел од репрезентацијата на Шпанија која го освои ЕВРО 2024, настапувајќи во сите седум натпревари и постигнувајќи победнички гол во продолженијата против Германија во четвртфиналето.

Тој е третото засилување на Арсенал во преодниот рок, по пристигнувањето на италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори од Болоња и шпанскиот голман Давид Раја кој е откупен од Брентфорд.

Мерино треба да го надополни Деклан Рајс, и ќе биде уште една опција плус во средината во која се и Жоржињо, Томас Парти и Мартин Одегард.

Мерино има претходно искуство во Премиерлигата, откако помина една година во Њукасл пред да се пресели во Реал Сосиедад во 2018 година, а играше заедно со Одегард во 2019-2020 година кога Норвежанецот беше позајмен од Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести