Милан добива нови, побогати сопственици и се „збратимува“ со тим од Премиер лигата

Екипата на Милан ќе добие нови сопственици, станува збор за инвестициски фонд од Бахреин, кој ќе го откупи клубот за малку повеќе од една милијарда евра.

Преговорите со новите и актуелните сопственици, „Елиот менаџмент“, веќе се одвиваат на највисоко ниво и само формалности ги делат двете страни од договор.

Интересно е тоа што дел од овој инвестициски фонд е и Мубадала од Обединетите Арапски Емирати, каде што директор е првиот човек на Манчестер сити, Хадун ал Мубарак, па тоа би значело дека овие два тима би можеле да се збратимат.

Според најавите, Милан од новите сопственици ќе добие околу 300 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести